Шарен Свет

За мојот Тоше Проески

Ангел

Збогум ангелу

Ти принцу вечен

на твојот дом.

Небото го красиш со мисли темни

А ѕвезди силно светат

во небото вечно.

 

Засекогаш сонувам

Сонувам поле со свеќиња

И тоа едно што е вечно

Тоа е цреша.

Една пупка тивко цвета

Во вечното Крушево.

 

Со ѕвездите

Заедно спиеме

во дворот на манастирот.

Порака испраќам на тоа вечно небо.

Со ѕвездите играме

Со нив пишуваме

Тоше врати се!

Те сакам!

 

За тебе

За тебе, што во мене си.

Те гледам како татко.

Ти си срце што го сакав

И сум верен на твојата слава.

Дали ќе знам да бидам како тебе?

Во себе те чувам.

Сонувам како тебе да имам слава

И не знаеш колку боли.

Ме остави.

Не можам да заплачам.

Во мене си само ти.

И ветувам

дека нема да правам

да те искористам за сметка на мојата слава.

 

Зимски сон

 

Нова година

Овој ден е посебен

И кажи му да дојде.

Не е битно каде си

Со насмевка и топли прегратки

Сите грижи да заминат во историја.

Оваа ноќ ќе пееме

И ќе играме.

Среќна Нова година

Да наздравиме.

 

Снегулка

Нека сите деца бидат среќни.

Една снегулка падна

На мојата рака тажна

И вели

Дете, оди си дома

Стопли си душа

Среќен Божик ти посакувам

Најмило мое.

 

Елка

Елката е една

Моја и голема

Со љубов ја китам

Со среќа ја почитувам

И љубовта моја ѝ ја давам, пак.

 

Патување

 

Јадран

Виолина тивко свири

Јадран тивко ме повикува

Тивко ветре вее

Јадранско море блиска

Со неговото лице.

 

Ох, Македонијо

Овој ден е како птица мајска

Утрински зрак штом изгрее

Ох, Македонијо

Како песна убава, лесна

Изгреа високо

Златно сонце на небото.

Патувам по улиците каде се гледа

Мојот пат на светлината.

Тоа е мојата држава

Со гордост се пофалувам

И без срам велам

Тоа си ти Македонијо.

 

Убавица

Ти убавице бистра

Ти сонце топло

Пеликани убави

Што се вечни

Лебеди во тишина

Штом црковен ѕвон заѕвони.

Очи бистри езера и

Билјанини извори.

 

Галичник

Планини, полиња

Љубов голема,

Ветрот тивко вееше

И цел раскош го раскоши.

Сонцето силно печеше

Со топол зрак песна пееше

Галичка свадба беше

Сите селани дојдоа.

 

Водно

Ти планинска убавице

Што сонце грее над тебе

Ти вечен венецт

Што никогаш не спие.

Може да си рид или планина

Во тебе гледам љубов и среќа

Што никогаш не се заборава

Во мисли се криеш само ти

Бистра убавице.

 

Патување во Велинград

Ти принцезо убава

Го повикуваш спокојот

Чиста, со термални води

Бистра убавице.

Збогум,

Морам да си одам.

 

За љубовта

 

Оган

Зошто гориш

По моето лице бело

Не, нема да ме изгориш,

Ќе издржам до крај

Знам дека нема да се изгорам.

 

Зборови

Знам некаде далеку

Почнува нова ера.

Знам, јас можам против сè,

Но не можам против тебе.

Зборови немам јас

срцето ми зборува, пак.

 

Подарувам

Среќата е спас

Љубовта е лек

Ти подарувам

Љубов, слога и среќа

Љубовта е море или океан

Кој цел живот ме следи

 

Ме буди

Ме буди твојот нежен допир

И твојот глас нежен

Ме будат твоите нежни солзи

Што плачат за мене.

Душо, ќе те сакам тебе искрено.

 

Сега сфатив

Јас сфатив дека светот е нечист,

Дека никогаш нема да биде чист.

Сега сфатив дека морам

Да се кријам сам.

Изгубив душа

И сфатив дека нема да се лутам.

Сега сфатив дека никогаш повеќе

Нема да те лажам, пак.

Проклето е тоа што го чувствувам

И веќе нема да те гледам.

 

Јас и таа

Те сакам како принцеза

И сега си моја најмила

Осеќам како љубовта се распаѓа

И сакам сè да вратам.

Те сакам,

Само немој да лажеш.

 

Око

Златно око соколово

И со голема љубов

Ќе не спои

И со среќа ќе не следи

Во студена вода.

Студот е несреќен случај.

 

Шарен свет

 

Живот

Сонувам како животот

Отвара нови порти.

Животот не е песна

Што може лесно да се испее

Животот е да си слободен

Како птица.

Животот е птица

Од небо испратена

За тебе подарена.

 

Летаат години

Цел живот помина

И се бројат години,

Недели, месеци.

Секој човек е лист

Што на крај

Ветерот ќе го оддува

едни во пекол

други во рај

таков е целиот живот знај

 

Бисер

(за мојот брат)

Ти си бисер вечен

Како славеј чист

Бистри очи

Паметен, убав

Згодно момче

Ти си месечина

Што силно свети

во темнина.

Сон ти си во мене

Јас верувам во тебе.

Ти си вечна ѕвезда што не се гаси

 

19-ти декември

Ти си снег

што ја покрива љубовта.

Погледни, погледни.

Од снегулки што паѓаат на земја

Се раѓа една мома, убава.

 

Огледало

Ти бела убавица

мајко моја си.

Погледни до сонцето

И прати насмевка.

 

Марија, мојата сестра

Како птица ќе летнеш

штом темница ќе дојде

ти бела, бела убавице

заспана убавице.

Бел коњ

со убав принц

ќе дојде кај тебе,

со бижиќна песна,

како славеј,

спокој чист.

 

Специјална олимпијада

Не смее да не потценуваат

и да се негира дека

ние сме различни од брзите.

Не се брзите попаметни од нас

А човек кога е со љуобв

Ќе постигне повеќе.